Центар за култура „Григор Прличев“

Од 01.03.2024 - 20:00 до 01.03.2024 - 22:00

Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една нова „Импровокација“, овојпат, со роденденски шмек.

Ве чекаме заедно да го прославиме осмиот роденден на „Импровокација“, велат актерите.

Комичното шоу ќе биде изведено во петок, 1 март во 20:00 часот, на малата сцена на Народен Театар Охрид. Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066 и истите се по цена од 300 денари.

За прв пат, актерите од Народниот Театар од Охрид Стрезо Стаматовски, Никола Тодоровски и Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура ја играат „Импровокација“ на 25 февруари 2016 година. Кон „импровокаторите“, во третата сезона се приклучува Никола Јосифоски како музичар импровокатор со што се комплетира составот на „Импровокација“.

Шоуто претставува уникатна форма на театар, каде преку еден неформален и забавен начин се креира театарската игра со цел да се доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Покрај уникатната форма на изведба, карактеристично за шоуто е што секогаш е различно.

OhridNews