Генерации деца одраснаа со еден од најдобрите, но и најпопуларни цртани филмови во светот на Вилијам Хана и Џозеф Барбара, легендарните Том и Џери, кои се прикажуваат од 1940 година. Цртаниот филм ги следи авантурите на мачорот Том и глушецот Џери, а нивното комично насилство станало исклучително популарно. Списанието Тајмс ги сврстило меѓу најдобрите телевизиски серии на сите времиња. Оригиналната серија од 114 епизоди била снимена помеѓи 1940 и 1957 година, а во тој период освоиле седум Оскари.
Првиот анимиран филм кој се вртел околу мачка и глушец, наречен “Puss Gets The Boot”, бил пуштен во кината на 10 февруари 1940. Том тогаш се викал Џаспер,а глушецот Џинкс. Меѓутоа аниматорот Џон Кар една година подоцна им ги дал имињата Том и Џери, а станува збор за вообичаен назив од 19 век со кој во Лондон била нарекувана младината склона кон диво однесување. Со текот на годините Хана и Барбара биле заменети со Џени Деиц и Чак Џонс, а Картун Нетворк неодамна најавил нова серија која се состои од два цртани филмови долги по 11 минути, направени во стилот на оригиналната серија.