Една жителка на Тексас родила петорка, пет девојчиња, што е прв ваков случај после 1969 година и прв во историја во САД. Како што пренесуваат американските медиуми, бебињата Оливија Мери, Ава Лејн, Хејзел Грејс, Паркер Кејт и Рајли Пејџ родени се на 8 април со царски рез. Нивната мајка Даниел Базби се породила за само пет минути, со асистенција на 12 лекари.
Восхитените родители кои имаа тригодишна ќерка изјавиле дека се среќни и благословени и дека нивните девојчиња се чудо. Петорката, зачната како и нивната сестра со вештачко оплодување, на раѓањето тежеле помеѓу 900 и 1100 грама. Сите бебиња се здрави и прогнозите на лекарите се добри. Еден од лекарите кои присуствувале на породувањето рекол дека добро напредуваат и засега добиваат само мала помош при дишењето.