Горди млади родители од Колумбија на својот син кој се родил на денот на инаугурацијата на новиот американски претседател, му го дале името Барак Обама.


Малото момче ќе го носи името Барак Обама Сандовал, а неговата мајка, Силвија Фаџардо, е горда и на својот син, и на неговото име.

„Се надевам дека мојот син, како и Обама, иако има скромно потекло, ќе направи нешто продуктивно“, вели мајката.