Популарниот пејач признал дека добил возачка дозвола така што замолил пријател да се запише во автошкола под неговото име. Род Стјуарт во автобиографската книга обелоденил дека неговиот менаџер Питер Саундерс се согласил да полага возачки испит наместо него кога му здодеало да го вози пејачот.

Тој продолжил да вози и подоцна кога се преселил во САД, но таму, сепак, после осум години, полагал и регуларно добил возачка дозвола која можел да ја користи во Британија. Тој во книгата открил дека во екот на ппуларноста му се нафрлале толку девојки, што се уморил од секс, па посакал да има вистинска љубов.