Кинескиот ресторан “I Robot” во Нанинг купил два роботи за повеќе од 50 илјади евра. Раководителот на ресторанот Хуанг Хиангхао тврди дека роботите прават стотина кинески традиционални јадења. Секое јадење е спремно за две до три минути.
Наплатувале исто како и останатите локални ресторани, иако јадењата направени од робот сигурно биле повкусни. Од ресторанот велат дека роботите се хигиенски и не се жалат на ништо. Сепак им требаат човечки раце за миење на садовите и сецкањето на зеленчукот.