Големата пирамида во Гиза 4500 години успешно им одолеа на секој кој се обидел да продре во нејзините тајни. Загонетката сега ќе се обиде да ја реши еден тим експерти за роботика од Универзитетот во Лидс кој во соработка со египетското собрание за антиквитети развива робот кој би требало да ја испита внатрешноста на единственото преостанато чудо од античкиот свет.


Претходно било откриено постоење на врати на длабочина од 60 метри. Роботот ќе има задача да влезе во овие врати и да ја расветли тајната која истите ја кријат. Дизајнирањето на роботот е при крај и се очекува испитувањата да започнат уште оваа година.