Еден од најдобрите светски диџеи и  музички продуценти, Дејвид Гета, на 1 август ќе настапи на стадионот на спортскиот центар во Охрид. „Авалон продукција“ која е организатор на концертот, најавува вистински спектакл кој ќе биде пропратен со визуелни ефекти на познатите роботи „Kryoman“.


Имено, Гета ќе го придружува десетчлена техничка екипа,  која на сцената ќе се појави во костими направени од последната генерација на лед-диоди, а спектаклот ќе го надополнет и  специјални ласери.


Организаторот очекува настапот на Дејвид Гета да го сруши рекордот поставен на концертот на Лени Кравиц во Охрид, кој го проследија над 12.000 фанови.

OhridNews