Таа е професорка каква денешните ученици би посакале, првенствено затоа што би можеле да ја зезаат или да ја гаѓаат со ливчиња без никакви последици. Се работи за професорка робот која е направена за децата да сватат дека науката и технологијата можат да бидат забавни предмети.
Има црти на лицето многу слични на човечките кои се многу реални. Својата кариера ја започнала како рецепционерка во јапонските фирми, а подоцна е репрограмирана за предавање на ученици во основно одделение во едно токиско учлиште.