Робот со ликот на американскиот претседател  Барак Обама ќе биде поставен во Дизниленд, во Орландо на Флорида. Забавната содржина на таканаречената сала на претседателите била затворена за јавноста осум месеци. Сега повторно ќе биде отворена со придружување на Барак Обама на останатите претседатели.


Претседателот и вработените во Белата Куќа соработувале со задолжените лица за проектот. Роботот се движи и зборува. Ќе им се придружи на Абрахам Линколн и Џорџ вашингтон, како и на други познати американски претседатели.