Роботот наречен “Cheetah” е направен од компанијата “Boston Dynamics”, а може да трча со брзина од 45,54 километри на час. Иако може да се движи единствено на рамна патека тој достигна импресивна брзина ако се земе во обзир фактот дека најбрзиот човек на светот, Усеин Болт достигнува максимална брзина од 44,74 километри на час.

Оваа компанија произведува воени роботи, а овој проект бил финансиран од владата на САД.