Американскиот актер Робин Вилијамс изминатиов викенд се оженил по трет пат со дизајнерката Сузан Снајдер. Како што пренесуваат американските медиуми, оскаровецот, кој има 60 години, го кажал судбоносното „да“ на приватна свеченост во Калифорнија, а од познатите меѓу гостите биле Стивен Спилберг, Џорџ Лукас и Били Кристал.


Робин Вилијамс се запознал со Сузан во 2009 година по операцијата на срцето. Таа тогаш го негувала и му помогнала да закрепне. Популарниот актер зад себе има два брака и три возрасни деца.