Познатиот американски актер Робин Вилијамс повторно има проблеми со пороците. Тој се пријавил во центарот за одвикнување Хејзелден во Минесота и таму ќе остане неколку седмици. Се наоѓа во делот од центарот каде се спроведува програма за долготрајно воздржување од пиењето. Вилијамс во осумдесеттите години од минатиот век бил зависен од кокаин и алкохол.
Две децении не се дрогирал нити пиел, а потоа во 2006 година потклекнал и завршил на одвикнување. Неговиот портпарол тврди дека актерот овој пат не се дрогира и не пие, туку едноставно не сака да се врати на старите навики и му треба помош да остане на вистинскиот пат.