Неодамна починатиот актер Робин Вилијамс бил најпребарувана ѕвезда на интернет во 2014 година. Веднаш за актерот се нашла Џенифер Лоренс, ѕвездата на „Игри на гладта“, чии интимни фотографии се појавиле минатото лето на социјалните мрежи. Третото место го зазел раперот Џеј Зи, чија видео снимка од тепачката со Соланж Ноулс, сестрана на неговата сопруга Бијонсе, во лифт во Њујорк, го обиколела светот. На четвртата позиција е Ким Кардашиан, сеприсутна на социјалните мрежи и пред објавувањето на разголените фотографии за списанието Пејпр.

 

Петта е Џоан Риверс, водителката на емисијата “Fashion Police” која почина на 4 септември на клиника во Њујорк, а шести американските фудбалер Реј Рајс, кој бил суспендиран откако ја претепал својата девојка. Следуваат Анџелина Џоли, актерката и амбасадорка на ОН, Рене Зелвегер, Кејт Мидлтон и бејзбол играчот Дерек Џетер, ѕведата на Њујорк Јенкис кој оваа година замина во пензија. Пописот е составен на основ на пребарување на 100 милиони корисници на интернетот ширум светот во периодот од 1 јануари до 15 ноември.