Што имаат заедничко пејачот Роби Вилјамс и фудбалерот Вејн Руни? Доколку може да им се верува на пишувањата на медиумите обајцата пресадувале коса. Роби, имено, се одлучил на овој хируршки зафат бе затоа што имал проблем со опаѓање на косата, туку затоа што, како што изјавил, немал што попаметно да прави.

Рекол дека живеел во Лос Анџелес неколку години и си рекол самиот на себе дека доколку седиш во берберница доволно долго ќе се потстрижиш. Е според него, ако доволно долго живееш во Лос Анџелес, ќе одиш на некоја пластична операција. Додал дека пресадил коса, а најчудно од се било тоа што воопшто не му требала.