Британскиот пејач Роби Вилијамс пред неколку дена бил снимен од папараци како пуши некаква сомнителна цигара. Неговите телохранители имале блиска средба со папараците, кои два часа подоцна станале жртви на вооружен грабеж.


Тројцамажи со пиштоли влетале во нивната соба и со закана им одзеле пари, документи и опрема во вредност од околу 13 илјади евра. Полицијата ја испитува можната врска помеѓу папараци снимките на Роби и крадците, и се надеваат дека пејачот ќе им помогне во расветлување на случајот.