Роби Вилијамс според странските таблоиди, во петок ќе се венча со актерката Аида Филд со која е во врска од 2007 година. На интимната церемонија на островот Санта Клара нема да присуствуваат членовите на бендот „Take That“, на кои Роби неодамна им се приклучи.


Ќе присуствуваат само најблиските пријатели и семејствата. По церемонијата новиот брачен пар ќе се упати на двонеделно свадбено патување, по што Роби во Велика Британија ќе го промовира новиот сингл на мендот насловен „Shame“. Инаку островот Санта Клара е опишан како мал рај на земјата на кој своевремено живеела Мерлин Монро.