Роби Вилијамс на концертот во Гетеборг добил безобразна понуда од обожавателка, која побарала да и се потпише на задникот. Лона Мартинсен држела транспарент со натпис „Те молам потпиши ми се на задникот како би можела да го истетовирам твојот автограм“.

Забележувајќи го натписот, Роби ја извлекол дамата од публиката на сцената, и ги соблекол шорцевите и се потпишал со маркер токму онаму каде што сакала.