Горкиот вкус во устата кој му останал по распаѓањето на групата “Take That” сека веќе потполно исчезнал и Роби Вилијамс е повторно полн со љубов кон своите поранешни соработници. Изјавил дека сака да го прегрне поранешниот менаџер на групата Најџел Мартин Смит.
Пејачот во последниве 15 години, се од распаѓањето на групата, редовно преку медиумите го напаѓал Најџел. Сега изјавил дека сака да се сретне со него и да се извини за своето однесување, бидејќи кавгата на никого не му користи. Освен што тој би се извинил сака истото да го стори и Најџел.