Британскиот пејач Роби Вилијамс е многу заинтересиран да ја купи вилата во Лос Анџелес во која пред две и пол години починал кралот на попот Мајкл Џексон. Вилата неодамна се нашла на продажба со почетна цена од 23 милиони долари.

Роби Вилијамс бил меѓу првите потенцијални купувачи кои ги разгледале луксузниот имот. Интересно и тоа што куќата се продава без мебел, бидејќи мебелот кон крајот на минатата година бил продаден на аукција.