Роби Вилијамс сака да има три деца со својата девојка Ајда Филд. Таа го воодушевила со желбата да го запознае фудбалот, неговиот омилен спорт. Поради тоа тој е уверен дека таа е вистинската со која сака да го проведе остатокот од неговиот живот. Вели дека девојката во запознавањето на фудбалот напредува многу добро.
Тој се плаши од реакциите на публиката за неговиот нов албум. Вели дека сака тие да танцуваат цели 50 минути колку што трае албумот. Неодамна го завршил снимањето на спотот за првиот сингл од новиот албум, “Bodies”. Во спотот се појавува и неговата девојка.