Англискиот музичар Роби Вилијамс одлучи да се врати во студио со своите поранешни колеги од групата „Take That“ како би снимиле нов албум со најголемите хитови со кои ќе обележат 25 години од основањето на бендот. Во септември минатата година Гери Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд потврдија дека почнаа со работа на новиот албум со кој ќе ја обележат годишнината од издавањето на првиот албум „Take That & Party Back“. Роби Вилијамс не бил со нив во студио од 2010 година, но истакна дека се радува на повторно собирање.

 

Познатиот пејач ќе и се придружи на групата и на турнеја, за која засега се знае само дека би требало да почне во Европа. Групата е основана во Манчестер во 1989 година. Момците издадоа седум студиски албуми и досега беа на девет големи турнеи. Роби бендот го напушти во 1995 година поради соло кариера. накратко се врати во групата во 2010 година и се некогашните колеги работеше на новиот албум „Прогрес“, а потоа настапуваше на светска турнеја.