Британскиот пејач Роби Вилијамс најавил нова турнеја која ќе почне во март 2015 година во Мадрид, пренесуваат електронските медиуми. Турнејата “Let Me Entertain You” после серијата концерти во Барселона, Париз, Рига, Москва, Братислава и Линц ќе заврши во Израел на 2 мај.
Вилијамс и неговата сопруга Аида Филдс неодамна добија син, а од претходно ја имаат ќерката Теодора Роуз која е родена во 2012 година. Повеќекратно наградуваниот Роби Вилијмс во 2006 година влегол во Гинисовата книга на рекорди откако во еден ден биле продадени 1,6 милиони влезници за концертите на турнејата “Close Encounters”.