Роби Вилијамс кој е во брак со Ајда Филд планира во наредната година да се најде и во улогата на татко, а тој и сопругата веќе избрале имиња за децата. Рекол дека неговата жена сака цел фудбалски тим, а тој сакал две деца, момче и девојче. Додал дека со сопругата наскоро ќе започнат со проширување на семејството.


Пејачот во својот препознатлив стил изјавил дека децата ќе им се викаат Вуди и Сони. Додал дека неговата сопруга сакала веднаш да почнат да работат на приновата, но тој бил многу изморен бидејќи неодамна ја завршил турнејата. Рекол дека до Божик ќе одмара, а потоа ќе се фрли на работа.