Пејачот Роби Вилијамс изјави дека е подготвен повторно да се врати во групата “Take that”, во која ја започна својата кариера во 1990 година. Во трендот на многуте повторни обединувања на познати групи, Роби изјави дека е во контакт со останатите членови од групата, и дека неговото враќање е се поизвесно.
Тој ја напушти групата во 1995 година за да и се посвети на соло кариерата во која беше мошне успешен, а нешто подоцна групата се распадна. Повторно се обедини во 2006 година а статусот на суперзвезда кој го ужива Роби му остави време да одлучи дали ќе се приклучи.
Повторното обединување на “Take that” ги врати на старите патеки и во 2007 и 2008 година ги освоија британските награди Brit. Се вратија на врвовите на топ листите, ги задржаа старите фанови и стекнаа нови.