Британскиот популарен музичар Роби Вилијамс во понеделник, на 1 декември, ќе објави нов албум под наслов „Under the Radar“. Како што пренесуваат електронските медиуми, албумот на пазарот ќе се појави во исто време кога и албумот на неговиот поранешен бенд „Take That“.
На албумот се наоѓаат песни кои се снимени од претходни проекти, но од некоја причина не ја здогледале светлината на денот. Неговиот претходен албум од 2013 година, „Sings Both Ways“, во текот на месец ноември таа година бил на првото место на топ листата на албуми во Велика Британија.