Познатиот пејач, кој во вторникот станал татко, ја обожавал ќеркичката Теодора Роуз. Својата љубов одлучил да ја подели со обожавателите на твитер, објавувајќи фотографија со наследничката, покрај која напишал дека тоа било негово второ менување на пелени и втор ден на планетата на неговата ќерка. Роби се смеел држејќи ја во прегратки својата миленичка. Тоа инаку е втора објава по раѓањето на детето.

Неговата сопруга Ајда Филдс се породила на 18 септември. Како би ја објавил среќната вест и би се заблагодарил на честитките, Роби на својот твитер профил напишал дека бебето, таткото и мајката се супер и се заблагодарил на убавите желби. Инаку, Роби Вилијамс и Ајда се запознале и вљубиле 2006 година, а се венчале четири години подоцна во неговата куќа во Лос Анџелес.