Роби Вилијамс напишал реквием, односно песна која сака да ја свират на неговиот погреб. Пејачот не сака да биде погребан со своите најголеми хитови па затоа одлучил сам да напише реквием со кој се слават душите кои одат на вечен одмор.


Роби рекол дека се чувствува потценет бидејќи луѓето мислат дека секогаш пее песни кои ги напишал некој друг. Вели дека за среќа неговата банка знае колку тој всушност вреди. За повеќето луѓе секогаш ќе остане кловн од бендот за момчиња “Take that”.