Бидејќи е познат како голем вљубеник во фудбалот, Роби Вилијамс се погрижил да игра кога и да сака. Познатиот пејач, покрај својата вила на Беверли Хилс, имал и фудбалско игралиште, каде папараците во неделата го фотографирале како игра со своите пријатели.
Освен во велигденскиот фудбалски натпревар со своето друштво, Роби со сопругата Ајда ужива и во исчекувањето на своето прво дете.