Роби Вилијамс медениот месец ќе го помине дома со својата сопруга Аида Филд (31) и нивните кучиња. Парот планирал да патува, но се откажал во последен момент.


– Избрале да останат таму каде што ќе се чувствуваат најудобно, дома, со своите кучиња – вели извор близок на парот. Наводно, тие двајца ќе одат некаде подоцна, кон крајот на годината, бидејќи Роби не сака да бидат сликани за време на романтичниот одмор. Парот, кој се венчал пред две недели, ги обожава своите осум кучиња кои им биле деверици за време на венчавката.