Британскиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга, актерката Ајда Филдс, очекуваат бебе. Среќната вест ја обелоденил самиот музичар на својата официјална веб страна, наведувајќи дека раѓањето на бебето се очекува на крајот на оваа година.
Вилијамс напишал дека едвај чека да стане татко и дека кога го видел бебето на ултра звук заплакал. Роби и Ајда се венчале 2010 година на Беверли Хилс. Популарниот пејач освоил повеќе BRIT награди од било кој друг музичар.