Роби Вилијамс ја запросил својата девојка Аида Филд минатиот вторник. Пејачот истото еднаш го направи преку ена радио емисија. Најпрво ја запрашал дали постои некој за кој би се омажила, а потоа спонтано ја прашал дали би се омажила за него.
Неговиот менаџер подоцна изјави дека запросувањето било само шега. Роби овој пат направил се како што треба. Клекнал пред саканата на романтична вечера во својот дом во Лос Анџелес и рекол дека таа му е број еден во животот. Парот е во врска три години, а се запознале на состанок кој им го наместиле пријателите.