Роби Вилијамс на својата сопруга Ајда Филд и купил луксузен часовник, кој го платил дури 10 илјади евра. Брачниот пар пред неколку дена излегол на ручек во Лондон, а кога после оброкот излегле да прошетаат, Ајда во излогот на една златара го забележала часовникот во кој се заљубила на прв поглед.


Роби Вилиламс одлучил да ја усреќи својата сакана, така што веднаш влегол во продавницата и напишал чек за овој прекрасен подарок. Часовникот бил од рачна изработка и со дијаманти од 3,5 карати.