Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филдс добиле ќерка, пренеле светските агенции. Роби кој пред соло кариерата бил член на групата “Take That” соопштил дека девојчето било родено во вторникот. пејачот на својот блог објавил дека девојчето ќе го носи името Теодора Роуз Вилијамс.
Не било соопштено каде бебето било родено, но Вилијамс претходно изјавувал дека планирале да се роди во Лондон. Британскиот пејач и неговата сопруга се венчале во август 2010 година, а се запознале во 2006 година. Теодора е нивно прво дете. Роби е еден од најпознатите британски пејачи на меѓународната сцена со околу 65 милиони продадени плочи за време на својата соло кариера.