Роби Вилијамс стана татко по втор пат. Сопругата на познатиот пејач Ајда Филд се породила во приватна болница во Лос Анџелес. На свет донела момче, а парот сеуште не одлучил кое име ќе му го даде. Инаку, пејачот цело време бил покрај сопругата, играл, се глупирал и ја забавувал како би и ја намлил болката и би го олеснил породувањето кое траело 14 часа.
Пејачот, кој го снимил речиси целиот пораѓај и објавил видео, рекол дека се пресреќни. Тоа биле најсреќните моменти во нивните животи. Никогаш не сакал некого толку многу и никогаш не бил повеќе горд на својата сопруга отколку сега. Парот веќе ја има двегодишната ќерка Теодора Роуз.