Gary Barlow, фронтменот на групата Take That, го славел 40-от роденден, а неговиот колега Роби Вилијамс ја пропуштил забавата. Поради работни обврски не бил во можност да дојде. Затоа одлучил да му честита на посебен начин.


Пејачот преку видео врска му го покажал својот гол задник, кој освен Гери го виделе и сите присутни на роденденскиот концерт. Гери одржал концерт пред три илјади обожаватели. Повикал и многу познати ѕвезди. Заедно со колегите отпеале неколку хитови на групата Take That.