Британскиот поп пејач Роби Вилијамс бара преку оглас две млади жени за потребите за снимањето на својот нов музички спот во кој би биле подготвени страсно да се бакнуваат. Кандидатките, стари помеѓу 18 и 30 години, треба да бидат подготвени за бакнување во една од сцените на спотот, за неговата нова песна која ја изведува во дует со лондоснкиот рапер Џејк Емлин.


Според таблиодот „Сан“, пејачот во својот оглас исто така нагласил дека девојките задолжително мора да имаат долга коса. За улогата во спотот, избраните девојки ќе добијат по 50 фунти, а ќе им бидат платени и сите трошоци. Песната од овој спот ќе се најде на новиот албум на Роби Вилијамс кој ќе биде објавен следната пролет.