За него нема план Б, тој е апсолутен рекорд по бројот на настапи и постигнати погодоци во “зелениот“ дрес. Тој е воин на теренот, а пријател надвор од него. Тој е Роби Кин.

Рекордерот по број на настапи (129) и постигнати погодоци (60) делува сосема нормално на средбите со новинарите и одговараше сталожено на “жешките“ прашања. Нешто што е сосема спротивно од тоа што сме навикнати да го гледаме на теренот.

Мечот против Австрија (1-0) на распродадениот „Ернст Хапел“ во Виена беше последен во ерата на Џовани Трапатони, кој ден после поразот се повлече од функцијата селектор. Капитенот секогаш беше зад одлуките на селекторот.

– За мене „зелениот“ дрес  преставува светост и секогаш го давам и ќе продолжам да го давам максимумот.  Секогаш бев зад одлуките на селекторот бидејќи тој и мислеше добро на репрезентацијата. Секој еден кој стои зад нас, ќе ја има мојата целосна подршка. Така и ќе биде со новоит селектор, мојот стил на игра нема да се промени. Се надевам дека и сите останати репрезентативци мислат како мене само така ќе имаме поголеми успеси – рече капитенот Роби Кин.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Ливерпул, Лидс, Вест Хем и Астон Вила секогаш во животот имал само “План А“, немал “план б,ц“ до колку не било така  никогаш немал да успее и да постане тоа што е.

– Најдобро е да имаш план А и да го оствариш во целост, бидејќи ако имаш друг, никогаш нема да го оствариш првиот и секогаш ќе калкулираш. Така треба да се работи во секоја професија без разлика дали е спорт, наука и нешто друго – потенцираше Кин.

Покрај неуспехот на Република Ирска во квалификациите за Светското првенство во Бразил, според Кин не треба да се промени стилот на игра која со години ја негуваат „островјаните“.

– Ние сме Ирска и никогаш нема да бидиме Шпанија. Ние од мали нозе негуваме таков стил на игра. За да се промени тоа , потребни се големи промени и тоа уште во најмладите селекции. Тоа нема да биде воопшто лесно. Сепак, ние сме препознатливи по тој стил на игра, кој нуди голема доза на адрелин во целиот тек на мечот – смета Кин.

За капитенот на „зелените“, селекторот Марсел Колер и австриските медиуми кои го нарекуваат “ирскиот“ Ибрахимовиќ има пофални зборови.

– Тој е лав на теренот, и за него нема загубена топка. Кин е играч кој го дава последниот атом од својата енергија. Тој е вистински лидер и предводник кој многу пати досега тоа и го покажа. – истакна селекторот Колер.

До крајот на квалификациите за Мундијалот во Бразил има уште два меча, Кин сигурно ќе добие нов предводник.  Приказната на Кин продолжува, но со настапите во американската МЛС лига за екипата на Лос Анџелес Галакси.

М.П./Мх.П