Дефанзивецот Ендрју Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул, соопшти прес-службата на клубот. Новиот договор е со важност до 2026 година.

Робертсон се приклучи на Ливерпул од Хал летото 2017 година. Во сезоната 2020/21, 27-годишниот Шкотланѓанец одигра 38 натпревари во Премиер лигата, постигна еден гол и направи седум асистенции.

OhridNews