Италијанскиот фудбалски судија, Роберто Росети, е избран за најдобар судија во светот за 2008 година. Според меѓународната федерација за фудбалска статистика и историја, италијанскиот арбитар собра 204 поени во гласањето на експерти од судиската проблематика од 83 светски земји.

Второто место на листата го освои Љубош Михел од Словачка, кој оваа година објави крај на својата судиска кариера,  Михел собра 126 поени за 2. место. Трет на листата се најде Франк Де Блекер од Белгија со 61 поен.


Италијанската тројка на загревање пред мечот Хрватска – Турција

Италијанецот Росети на последното Европско првенство во Австрија и Швајцарија  ја делеше правдата на првиот наптревар Чешка – Швајцарија 1-0, потоа Грција – Русија 0-1, најинтересниот 1/4 финален натпревар Хрватска – Турција 2-4, како и финалето помеѓу Шпанија – Германија 1-0.

ohridnews