Пејачот на легендарната група „Лед цепелин“ Роберт Плант, кој има 66 години, одбил понуда на бизнисменот Ричард Бренсон тешка 636 милиони евра, да ги здружи силите со некогашните колеги и да одржи 35 концерти во три градови, Лондон, Берлин и Њу Џерси. Како што пишуваат англиските медиуми, откако Џими Пејџ, Џон Пол Џонс и Џејсон Бонам, син на поранешниот тапанар Џон Бонам, ставиле потписи на договорот, Плант побарал 48 часа да размисли. По истекот на рокот, буквално го искинал договорот пред вчудоневидените промотери со зборовите дека смета како не е правилно тоа да го направи.
Рокерот е одлучен да не се придружи на остатокот на групата, и покрај „непристојната понуда“ на нивниот голем обожавател и милијардер Ричард Бренсон, според која тројцата музичари од оригиналната постава би добиле по 160 милиони евра само за концерти, додека заработката од 80 милиони евра од продажбата на маици, дискови и сувенири би се поделила на еднакви делови. Бренсон планирал да им отстапи еден од неговите џамбо млазњаци а турнејата. Бендот последен пат настапил во оригиналната постава во 2007 година на концерт во лондонсата „О2“ арена.