Холивудскиот актер Роберт Патисон се исели од куќата во Лос Анџелес во која живееше со Кристен Стјуард откако таа призна дека го изневерила со филмскиот продуцент Руперт Сандерс.

Иако актерката јавно им се извина на сите кои ги повредила, Патисон не даде никаква изјава за настанот.
Кристен и Роберт ја започнаа врската на снимањето на филмот “Twilight”, а во последно медиумите шпекулираа дека тие ќе се венчаат но по се изгледа дека приказната ќе добие поинаков крај.