Актерот Роберт Патисон снимил низа жешки фотографии, во кои страсно се бакнува со непозната девојка, за кампања за Диор. Иако името на девојката не е познато, се нагаѓа дека станува збор за Алма Јодоровски или за Камил Роу, но од Диор не сакаат сеуште да потврдат кој е на фотографиите. Еден извор кој присуствувал на снимањето, рекол дека Роберт и девојката се држеле за раце и танцувале по студиото, пред страсно да се бакнат.
Изворот исто така навел дека главна тема на снимањето била венчавка на двајца вљубени млади луѓе. По фотографиите во оваа реклама, и неодамнешното појавување во јавност со Кети Пери, може да се каже дека актерот успешно го преболел раскинувањето на колешката Кристен Стјуарт.