Веќе на големо се нагаѓа кој актер, после Даниел Крег, би можел да го игра Џејмс Бонд. Идеја за тоа има и самиот актуелен 007 агент, кој смета дека негов наследник би требало да биде Роберт Патисон. Тој бил уверен дека младиот и талентиран британски актер би бил одличен во улогата на славниот агент.

На Крег посебно му се допаднало однесувањето на Роберт Патисон за време на скандалот кога го изневерила неговата девојка Кристен Стјуарт. На предлогот на Крег Роберт би воодушевен, бидејќи бил негов голем обожавател. Крег, кој досега три пати го толкувал Џејмс Бонд, би требало уште два пати да се најде во таа улога.