Роберт Патисон само во минатата година заработил 27,5 милиони долари што било доволно да стане најдобро платен британец во холивудската филмска индустрија за 2010 година. Патисон е подобро платен и од Даниел Крег, кој го игра ликот на тајниот агент Џемс Бонд, како и од прославениот режисер Гај Ричи.


Поголемиот дел од приходите ги остварил благодарение на улогата на вампирот Едвард во хит серијата, а помал дел од филмот “Water for Elephants” во кој игра заедно со Риз Витерспун.