Иако до неодамна се чинеше дека помеѓу славните гулапчиња се е во најдобар ред, брзото темпо на живот го направи своето. Како што пренесува порталот „Hollywood Life“, Роберт Патисон повторно е слободен, а одлуката за раскинување на врската и веридбата со пејачката ФКА Твигс, донесена е заеднички. Колку што е познато досега, за прекинувањети не е виновно трето лице, туку пренатрупаните распореди, поради кои парот не минувал доволно време заедно, а и кавгите биле се позачестени.

 

Последна била онаа кога пејачката му се јавила на Роберт за да му каже дека не може да го посети на неговото снимање, поради што тој воопшто не бил среќен, а таа изгубила контрола и почнала да урла на него. Да потсетиме, парот е во врска од август 2014 година, а после само неколку месеци Роберт клекна на колена. Но, во целата таа приказна, неговото семејство задоволно ги трие рацете, бидејќи пејачката воопшто не им била драга. И поранешната девојка на Роберт, Кристен Стјуарт е слбодна, иако до неодамна беше во врска со жена, поради што се шпекулира дека овие раскинувања се поврзани. Официјални потврди за раскинувањето сеуште нема, но како и секогаш времето ќе го покаже своето.