Роберт Патисон одлучил да и пружи на Кристен Стјуарт втора шанса и да и го прости неверството со режисерот Руперт Сандерс. Младиот пар водел разговор полн со емоции, по кој заклучиле дека не можат еден без друг. Нивната љубовна врска се прекинала кога во јули се појавиле фотографии на актерката во прегратка на режисерот Руперт Сандерс.

Сепак, се чини дека во прашање била само минлива криза. Патисон одлучил да и прости на својата девојка и да и поверува дека неверството било грешка која нема да се повтори. Познатиот актерски пар наскоро би требало да се пресели во вила во Лос Анџелес, каде ќе се обидат да ја обноват својата врска.