Како што пишуваат странските медиуми, само неколку месеци откако Патисон го изневерила со оженетиот режисер и добила прошка, Кристен Стјуарт е бремена. Парот сеуште не ја потврдил оваа вест, но според твврдења на извор близок на актерскиот пар, Кристен била во вториот месец од бременоста и сакала да се омажи пред породувањето.
Бидејќи Роберт Патисон не бил сосема сигурен во својата одлука да го прости неверството, неизвесно е дали ќе има свадба, но актерката веќе разгледувала работи за бебето и планирала во најкраток рок да набави се што е потребно за доаѓањето на бебето на свет.