Списанието „Гламур“ четврти пат по ред го избрало актерот Роберт Патисон за најсекспилен маж на планетата. Можеби во приватниот баш и не му цветаат рози, но жените по се изгледа и понатаму ја обожаваат младата британска ѕвезда, поради што повторно се нашол на врвот на листата најзаводливи мажи на светот.
На листата составена од 50 најзгодни мажи на денешнината, Роберт Патисон зад себе ги оставил колегата Том Хидлстон, познат по улогата во филмот „Тор“, како и популарниот актер Џони Деп.