Кристен Стујарт одеднаш ја заслужи довербата на Роберт Патинсон, и покрај тоа што го изневери со режисерот Руберт Сандерс. Британскиот актер неодамна ја запрашал Кристен да живеат заедно. „Почнуваат од ново полека, Роберт си ја поврати довербата во Кристен и направи чекор – купи стан во кој ќе живеат заедно – веи извор близок на актерскиот пар.

На почетокот од оваа недела Патинсон со своите колеги од „Twilght“, Ешли Грин и Если Бенсон, го прославија 23-от роденден на Кристен во еден мексички ресторан во Лос Анџелес. Истиот извор открива дека Роберт и Кристен цела вечер не можеле да си ги оттргнат рацете еден од друг.„Таа не сакала фенси забава, тука само нешто опуштено и забавно. Беа толку слатки заедно, залепени еден за друг. Кристен беше добра домаќинка, се посвети на сите гости, но кога ќе се приближеше до Роберт веднаш почнуваа да се допираат. Роберт ќе ја прегрнеше, и ја бакнуваше. Двајцата изгледаа толку заљубени“ рече еден нивни пријател.

Патинсон и подарил на Кристен позлатено налив перо кое е од ограничена серија, во вредност од 40 илјади долари, на кое било изгравирано нејзиното име, како и „Од Р“. Кристен е инаку позната по тоа што е голем колекционер на пенкала.